Маскирани лица вчера ја уапсија Калесникава во центарот на Минск и ја однесоа со комбе, а двајца нејзини соработници исчезнаа подоцна, објави опозициското движење.
Француската агенција АФП ги пренесува зборовите на граничната полиција дека Калесникава била уапсена на границата, а на нејзините соработници им било дозволено да ја напуштат земјата.
„Калесникава е во притвор“, рече портпаролот на граничната полиција Антон Бијчковски. „Не можам да кажам точно зошто, но таа беше приведена“, рече тој за Ројтерс телефонски, додавајќи: „Таа беше приведена во врска со околностите под кои (групата) ја напушти територијата на Белорусија.
Калесникава е последната од трите жени што учествуваа во претседателската кампања против сегашниот шеф на државата Александар Лукашенко.
Другите двајца кандидати, Светлана Тихановскаја и Вероника Чепкало, побегнаа од земјата.
Независниот белоруски медиум Тут.би вчера објави дека 38-годишната Калесникава била киднапирана од улица во центарот на Минск вчера наутро. Таа е член на координативниот совет на Тихановскаја, кој што бара преговори за мирно предавање на власта во Белорусија.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел истакна дека белоруските власти презеле „брутални чекори“ против Калесникава и другите претставници на опозицијата.
ЕУ ги прогласи изборите на 9 август „ниту слободни ниту фер“ и постојано го осудува насилството на владата врз демонстрантите.
Преземено од kanal5.com.mk
Можеби ќе ве интересира: