Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 101 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 103, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100 денари за литар.
Содржината продолжива под рекламата
Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар за литар и ќе чини 98,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,859 денари за килограм и ќе изнесува 50,044 денари.
Можеби ќе ве интересира: