Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар

benzini tocenje
benzini tocenje

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,14 % во однос на одлуката од 14.6.2024 година.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 81,00 (денари/литар), Моторен бензин Еуросупер БС – 98 83,00 (денари/литар), Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 74,0 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 44,458 (денари/килограм).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,819 ден/кг и сега ќе изнесува 44,458 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: