Бензините поскапуваат за денар и половина, дизелот за половина денар

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35% во однос на одлуката од 16.9.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,5 денари, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 66,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 77 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,499 ден/кг и сега ќе изнесува 41,827 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира: