Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за половина денар за еден литар, додека цената на дизелот се зголемува за еден денар, објави Регулаторната комисија за енергетика,
Според новата одлука на Регулаторната комисија, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 74 денари за едн литар, Еуросупер БС-98 за 76, а Еуродизел за 71 денар за литар. Маслото за горење ќе чини 69,50 денари, а мазутот 36,913 денари.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста, додека цената на мазутот се зголемува за 0,856 денари за килограм.


















