Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува со иста цена

Guzvi pred benzizski

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на  Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10 % во однос на одлуката од 8.11.2024 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 43,844 ден/кг.

Agria

Новите цени на горивата од ноќеска на полноќ ќе бидат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар),  Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар),  Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар), Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар),  Мазут М-1 НС    43,844 (денари/килограм).

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: