Ракометарите на Бисинов Фруит Ленд со пресврт во вториот дел ја забележаа првата победа во прволигашкото друштво, откако на свој терен успеа да слави против Јехона, со резултат 39:36, во натпревар од 11. коло од групата А.
Само на почетокот од натпреварот домаќините го имаа водството, за потоа гостите од Гостивар го преземат водството и на крај од првиот дел имаа предност од 18:21. Во вториот дел велешани заиграа подобро и веќе во 35 минута го презеде водството кое не го испушти до крај за конечни 39:36.
Содржината продолжува под рекламата
Мартин Иванов со 11 погодоци и Панче Ристевски со девет беа најефикасни кај Бисинов Фруит Ленд, додека кај гостите најефикасен беше Мојсе Тасески со 11 погодоци.
Можеби ќе ве интересира: