Тимот на Бисинов Фруитленд ја продолжи серијата без пораз во Првата лига, откако на гостински терен во салата „во Автокоманда го совлада тимот на Металург РА со убедливи 33:24 во натпревар од 12 коло.
Содржината продолжува под рекламата
Домашниот состав им парираше на велешани само 8 минути, кога беше изедначено 4:4. Од тој момент Бисинов Фруитленд се одлепи на 8:5, предност од три гола која ја одржуваше до 25 минута. На полувреме се замина со резултат 16:11.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел велешани ја продолжија одличната игра и постепено ја зголемуваа предноста за конечни 33:24. По пет погодоци постигнаа Иванов, Сиљанов, Стојменов и Илиев, во тимот на Бисинов, додека Петровски беше стрелец на пет гола за Металург РА.
Можеби ќе ве интересира: