Ракометарите на Бисинов Фруитленд се се поблиску до ракометната Супер лига. И по 17 одиграни натпревари се единствениот тим без пораз во првенството.
Содржината продолжува под рекламата
Металург РА и трет пат беше совладан сезонава овој пат со резултат 35:30. Велешани уште од самиот старт поведоа и во ниту еден момент од натпреварот победат не беше доведена во прашање, иако гостите од Скопје одлично парираа и не дозволуваа домашниот состав да се одлепи резултатски.
Содржината продолжува под рекламата
Како и многу пати сезонава најефикасен кај Бисинов Фруитленд беше Ивица Илиев со 14 постигнати погодоци, додека кај Металург РА најефикасен беше Филип Петровски со осум постинати погодоци.
Бисинов Фруитленд е убедливо на првата позиција на табелата во прволигашкиот плеј оф со максимален учинок. Во следното коло ќе се одигра дербито на Првата ракометна лига во Богданци против второпласираниот тим на Младост.
Можеби ќе ве интересира: