Велешанецот Тоше Ончев е новото засилување во редовите на ракометниот клуб Бисинов Фруитленд. Ова го објави клубот на својата официјална фејсбук страна.
Содржината продолжува под рекламата
26-годишниот Ончев, како роден велешанец, своите први ракометни чекори ги направи во родниот град, за потоа преку скопски Вардар, каде се задржа осум години, да го направи своето деби како интернационалец, во втората по квалитет лига во Франција. Од Франција заминува во Грција, за после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапува за тимот на Работнички.
Содржината продолжува под рекламата
Во сезоната 2021/22 заминува во Тримо од Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона. Една натпреварувачка сезона ја помина во амбициозниот Охрид, каде поради сериозна повреда на коленото, предвреме ја заврши сезоната. Минатата сезона настапуваше во екипата на Голден Арт.
Тој е четврто засилување за дебитантската натпреварувачка сезона во Супер лигата за Бисинов Фруитленд. Претходно на клубот му пристапија Зоран Стојановски, Мартин Димов и Марко Трајковски.
Можеби ќе ве интересира:
- Двајца велешани приведени под сомнение за неовластено производство на дроги
- Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор
- Грин Машинс на Брако на клучен европски саем за зелена и циркуларна економија во Италија
- Сообраќајот во западниот дел од државата по влажни коловози
- Македонски автобус се излизга од автопат и удри во банкина во Србија