Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени групите за пролетниот дел во Првата лига, односно во Плеј офот и Плеј аутот.
Содржината продолжува под рекламата
Ждребката посака велешкиот клуб Бисинов Фруитленд во првото коло од Плеј офот да започне со гостување во Скопје кај екипата на Шампион. Во првото коло од Плеј аутот на Првата ракометна лига, Борец ќе го пречека составот на Астраион од Струмица.
Содржината продолжува под рекламата
Пролетниот дел од Првата ракометна лига ќе започне или на 24 февруари или на 2 март, во зависност од потребите на селекторите на репрезентациите.
Можеби ќе ве интересира: