Тимот на Бисинов Фруитленд се наоѓа на добар пат да обезбеди директен пласман во суперлигашката конкуренција. По победата над Македонија Ѓорче Петров вчера со резултат 42:30, велешани се на еден чекор до влез во Супер ракометната лига.
Домашниот состав парираше само на почетокот од натпреварот и се играше егал до резултат 7:7. Од тој момент велешани почнаа полека резултатски да се одлепуваат, и на полувреме се замина со плус 5 за Бисинов Фруитленд 22:17. Вториот дел беше само рутина за гостинскиот тим од Велес кој ја решеташе мрежата на домашниот состав.
Повторно најефикасен кај Бисинов Фруитленд беше Ивица Илиев со 10 постигнати погодоци, Сиљанов постигна шест, додека Кочаров и Иванов по пет. Кај домашниот состав се издвоија Ѓиноски со девет постигнати погодоци и Бучуковски со осум.
Веќе во петок Бисинов Фруитленд на натпреварот против Драчево ќе може да го потврди пласманот во Супер ракометната лига, и велешани по пет години да гледаат натпревари од најквалитетната лига.
Moжеби ќе ве интересира: