37-годишна кавадарчанка е потешко повредена денеска во бизарна сообраќајна несреќа на стариот пат Велес – Градско, кај крстосницата во близина на велешкото село Кочилари.
Несреќата се случила нешто пред 12 часот, кога кавадарчанката го прегледувала своето возило. Во еден момент, автомобилот почнал да се движи и ѝ ја прегазил раката.
Велешката итна медицинска помош во 11:45 добила повик за повредено лица, по што веднаш се упатила на местото на несреќата.
„Станува збор за отворена повреда на подлактица, со обилно крварење, пациентката е згрижена на лице место и поради сериозноста на повредата, транспортирана е во Општата болница Велес на понатамошен третман. За време на транспортот пациентката беше во свесна состојба“, рече д-р Васе Пановска Поп Стефанова, началник на Итната медицинска помош од Велес.
За неколку денови во Велес и велешко се случија четири сообраќајни повреди, во кои освен повреди, за среќа нема загинати.
Можеби ќе ве интересира: