Бојкотот во Железници e прекинат, се нормализира железничкиот сообраќај

Voz na stanica

Исплатен е вториот дел од платата за декември лани во Железници на РСМ Транспорт со што машинскиот и извршниот персонал го прекина бојкотот. Душко Чакаровски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, вели дека со исплатата на платата е исполнето нивното барање и тие се на работните места.

Zito akcija 640x289px

Претходно во соопштение од кабинетот на генералниот директор на ЖРСМ Транспорт наведоа дека „прекинот на работата односно штрајкот не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје и оти не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машинскиот персонал“ кој имал плата со тримесечен просек за периодот 09/2021 година до 11/2021 година во износ од 50.848,00 денари, тврдење што беше негирано од Чакаровски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од претпријатието наведоа дека во услови на пандемија како и енергетска криза редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење. Со целосниот прекин на железничкиот сообраќај, како што наведоа, им се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на ЖРСМ Транспорт, ЈП за железничка инфраструктура на РСМ и на целокупното стопанство во државата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: