Боки-13 продолжува со поднесување на кривични пријави

734683-sudijkata-kon-boki-13-ova-ne-e-mesto-za-pravene-shou

Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник.

Минатата недела тој беше во обвинителството, но не завршил со поднесувањето, записникот останал отворен и му закажаа термин за денеска.

Agria

Како што беше посочено од неговиот адвокат Сашко Дукоски, пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Тој не сакаше да открие конкретни имиња, но наведе оти кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура.

Покрај Јовановски во случајот „Рекет“ казна затвор од седум години доби и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: