Привршува сезоната за борачите на Борец. Тие денес учествуваат на силен меѓународен турнир „Крали Марко“ во Прилеп, на кое учество ќе земат 150 учесници од 12 држави.
Содржината продолжува под рекламата
Веќе утре следуваат нови предизвици на Државното првенство во борење за сениори и сениорки, кое ќе се одржи во салата на ООУ „Никола Карев“ во Кочани.
Содржината продолжува под рекламата
Државниот шампионат е од големо значење, бидејќи директно ќе реши кој е шампион на Македонија, па затоа се очекува екипите на душекот да излезат со најдобрите борачи. Балканец и Лирија се најсеириозните кандидати за титулата, но Бучим и Вардар ќе се обидат да им ги расипат сметките, а домаќинот Спартак ќе дејствува од позадина.
Можеби ќе ве интересира: