Младите борачи на БК Борец со два бронзени медали на градите се враќаат од големиот меѓународен турнир во Радовиш.
Во голема конкуренција Боби Џипунов освои бронзен медал до 60 килограми, и Теодор Алексовски исто така освои бронзен медал во категоријата до 85 килограми.
Содржината продолжува под рекламата
Останатите борачи Аце Јовановски Никола Николов и Стефан Павловиќ на свои грешки ги изгубија борбите за медали. Вреди да се напомене дека ова се деца почетници а се покажаа како одлични надежи на борењето.
Можеби ќе ве интересира: