Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Борец 1919 ги закажа зимските подготовки

Borec 1919 Detonit

Велешки Борец 1919 во понеделник ќе ги започне зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната, на својот стадион „Зоран Паунов“. Тимот сеуште нема нов шеф на стручен штаб, но од клубот велат дека се во завршни преговори со тренер кој ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Втората фудбалска лига.

Zito akcija 640x289px

Главната фаза на подготовките ќе се одвива во Велес, се очекуваат и нови имиња во таборот на велешани а за подобро воиугрување на екипата се закажани и неколку контролни натпревари пред стартот на пролетниот дел.

По есенската полуетапа Борец се наоѓа на претпоследното 15 место на табелата со пет освени бода и ќе го чека тешка борба за опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Пролетниот дел започнува на 15 февруари а велешани започнуваат со гостување во Куманово кај Башкими.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: