Екипата на Борец 191 во наредниот период ќе добие нов тренер бидејќи досегашниот тренер, Даниел Стојановски е сменет по поразот од Вардар Неготино на домашен терен, и слабите резултати во последно време.
Стојановски на клупата на Борец 1919 се задржа само месец и половина на местото на Љупчо Димитковски – Гањо, и имаше скор од една победа, две ремија и пет порази.
Наследникот на Стојановски ќе биде трет тренер на Борец 1919 од стартот на сезоната и ќе се дознае во текот на оваа недела. На табелата по 11 кола Борец 1919 има пет бода и се наоѓа на 15 позиција.