Велешки Борец 1919 загуби на гостувањето во Неготино од Вардар со 1:0 во 26 коло од Втората лига, но од клубот се жалат на катастрофалното судење на овој натпревар од главниот судија Дарко Стојанов и неговите помошници.
Во официјалното соппштение на клубот реагираат на две спорни ситуации кои се случија при резултат 0:0, и имаа голем придонес во конечниот исход. Најпрво неоправдано е исклучен Милан Чичевски во 63 минута од натпреварот, за наводен удар со глава на домашен играч, и неоправдан досеуден офсајд во 89 минута за постигнување на гол.
Иначе домашниот состав дојде до победата во втората минута од судиското надополнување преку Кирил Неделков.