Екипата на Борец 1919 на убедлив начин ја потврди својата доминација во Третата фудбалска лига – Југ, совладувајќи ја екипата на Тополка со убедливи 7:0 на гостински терен, во натпревар кој важеше за локално дерби.
Од самиот почеток, „црвено-белите“ наметнаа темпо кое домашната екипа не можеше да го следи. Фудбалерите на Борец играа со голема мотивација, дисциплина и офанзивна решителност, што резултираше со целосна контрола на играта и седум постигнати голови.
По два гола за гостинскиот тим постигнааа Илхан Имеров и Бобан Дукадиновски, додека по еден погодок постигнаа Дејан Стефановски, Марко Јанковски и Милан Чичевски.
Со оваа победа, Борец 1919 не само што освои три нови бода, туку и испрати силна порака до конкурентите во лигата, дека екипата има капацитет и сериозни амбиции за врвот на табелата. Од друга страна, за Тополка ова беше тежок пораз кој ќе мора брзо да се анализира, со цел екипата да се врати на победничките патеки во наредните кола.