Екипата ан Борец 1919 е се поблиску кон враќање во Третата фудбалска лига, откако во понеделникот, во дирекна пресметка за опстанок против екипата на Осогово од Кочани, загуби на домашен терен со резултат 3:1.
Во емотивно тежок натпревар заради трагедијата во градот Кочани, гостите ги освоија бодовите со двата гола на Жогелев во 4 и 60 минута од пенал и Кристијан Ристовски во 56 минута. Единствениот погодок за Борец 1919 беше дело на младиот Матеј Панов во 82 минута од натпреварот.
По одиграни 21 коло од Втората фудбалска лига на Македонија, Борец 1919 остан на претпоследното место со 10 освоени бода, или шест помалку од местото кое обезбедува бараѓ натпревар. Во следното коло велешани ќе гостуваат на стадионот во скопска Автокоманда кај екипата на Скопје.