Кошаркарите на Борец Баскет денес ќе го пречекаат фенерџијата на табелата, младиот состав на Работнички во обид да ја прекината лошата серија од три врзани порази. Со последниот пораз од се подобриот тим на Водно Санс, велешани паднаа на седмата позиција на табелата.
Денешниот натпревар ќе биде добра шанса за Борец Баскет да се вратат на победите и да обезбедат што подобар пласман на табелата пред стартот на плеј оф разигрувањето. Младата екипа на Работнички, со скор од само две победи во 16 натпревари е последна на табелата и со една нога е веќе во понизок ранг, па затоа се очекува лесна победа за велешани.
Натпреварот во спортската сала „Гемиџии“ ќе започне во 16 часот, а судии на овој натпревар ќе бидат Цветановски, Јакова и Цветковска.