Со одлична четврта четвртина, кошаркарите на Борец Баскет го добија дербито на Втората кошаркарска лига против екипата на Црн Дрим од Струга со резултат 87 : 73.
Моментот кој го одлучи победникот, беше серијата на домашниот тим од 14:0 во последната четвртина, при резултат 73:73, со која дојде двоцифрена предност, и седма победа во првенството.
По девет одиграни кола, велешкиот тим е на делба на првата позиција со екипата на Ангели и Соколи 1933. Во наредното коло Борец Баскет ќе го пречека составот на Охрид, кој е шести на табелата со скор од пет победи и четири порази.