Борец Баскет го пречекува лидерот на табелата Чаир 2030

Borec Basket - Cair

Многу важна победа за приклучок во горниот дел од табелата реализираа кошаркарите на Борец Баскет во минатото коло. На гостувањето во Скопје беа подобри од Партизан Водно Санс (92:78). Доволно за делба на петтата позиција заедно со екипата на Шкупи.

Zito akcija 640x289px

Денес во спортската сала „Гемиџии“ со почеток од 17 часот ќе го одиграат вториот меч од вториот дел од сезоната а противник ќе им биде лидерот на табелата Чаир 2030. Во првиот дел од сезоната, велешани беа високо поразени со 84:55. Сепак од таборот на Борец Баскет очекуваат да ја продолжат победничката серија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Гостите од Скопје имаат само еден пораз во досегашниот тек од првенството, додека Борец Баскет има половичен успех од шест победи и шест порази. Натпреаврот Борец Баскет – Чаир 203 може да го следите во живо на фејсбук стриминг сервисот на Батали.нет

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27427/sloboden-vlez-vo-grczija-za-vakcziniranite-prelezhanite-i-testriranite-so-negativen-na-koronavirusot/