Кошаркарите на Борец Баскет ја забележаа втората победа во првенството. Во рамки на шестото коло од Втората кошаркарска лига тие беа подобри од екипта на Тетекс ТТК од Тетово со резултат 72:62.
Долго траеше отпорот на гостинските кошаркари, иако се очекуваше дека велешани лесно ќе го добијат овој меч. Неизвесноста околу победникот траеше до крајот на третата четвртина, кога велешани се одлепија на плус десет коша разлика. Во четвртата четвртина само рутински ја одржаваа предноста за конечни 72:62.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај екипата на Борец Баскет беа Брчков со постигнати 15 поени, и Митрев со 14, додека кај гостите Ристовски со 19 поени од кој пет тројки. Во наредното коло Борец Баскет гостува во Скопје на екипата на Вардар.
Можеби ќе ве интересира: