Со изменет систем, и помал број на екипи учесници од денес ќе стартуваат и натпреварите во Втората кошаркарска лига-мажи. Во сезоната 2021/2022 тргнуваат 12. екипи, со цел да бидат меѓу првите две кои догодина ќе го имаат статусот на прволигаши.
Содржината продолжува под рекламата
Една од екипите кои ќе се натпреваруваат во Втората кошаркарска лига е и екипата на Борец Баскет. Во премиерниот меч тие на домашен терен во понеделник ќе ја пречекаат екипата на Партизан Водно Санс. Натпреварот ќе се одигра во салата „Гемиџии“ со почеток од 19 часот.
Содржината продолжува под рекламата
Според системот кој го одреди Кошаркарската федерација, во првиот дел ќе се игра според двокружен бод систем – ФИБА-БЕРГЕР, 22 кола. По принцип „секој со секого“, односно еднаш дома, еднаш на гости. Екипите од првото до осмото место играат плеј оф завршница, додека екипите пласирани на деветто и десетто место остануваат во Втората лига мажи за следната натпреварувачка сезона 2022/23 година. Двете последно пласирани екипи, во следната натпреварувачка сезона 2022/23 ќе се натпреваруваат во Трета лига мажи.
Содржината продолжува под рекламата
Во втората, односно плеј-оф фаза, натпреварувачките броеви се одредуваат според пласманот на првите осум екипи по завршувањето на првиот дел. Се игра во два добиени натпревари од најмногу три можни натпревари. Првиот натпревар се игра на теренот на подобро пласираната екипа.
Победниците од четирите четвртфинални двојки ќе играат во полуфиналната серија, која исто така, се игра во два добиени натпревари од најмногу три можни натпревари, по следниот распоред:
Победниците од двете полуфинални серии се пласираат во Првата лига-мажи за сезона 2022/23 година, и ќе играат еден натпревар за првак во Втората лига мажи за сезона 2021/22 година. Поразените полуфиналисти ќе играат за трето и четврто место во Втората лига мажи за сезона 2021/22 година.
Можеби ќе ве интересира: