Кошаркарите на Борец Баскет според распоредот ги води на мегдан против екипата на Маџари, на натпревар кој е закажан за 22 декември (недела) со почеток од 19.часот.
И двете екипи се при врвот на табелата. Скопјани со победа ќе се изедначат со велешани на табелата. Борец Баскет пак со победа само ќе ја продолжи успешната серија на победи и атакот на првото место на табелата.
Натпреварот од последното 11 есенско коло ќе се одигра во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје во недела со почеток од 19 часот. Судии на овој натпревар ќе бидат Цветановски, Јакова и Ивановски.