
Кошаркарите на Борец Баскет издвојуваа висока победа против Шкупи со резултат 97:61 и поведоа со 1:0 во четвртфиналеto од плеј офот за влез во Првата кошаркарска лига. Јунак на натпреварот беше Златев кој имаше дабл-дабл учинок од 33 поени, од кои 4 тројки од пет обиди, а имаше и 18 скока и запиша 7 асистенции.
Од самиот старт домаќините ја имаа контролата на резултатот, но одлучувачка беше третата четвртина кога гостите постигнаа само шест поени, а разликата на семафорот беше плус 23 за Борец Баскет.
Содржината продолжува под рекламата
Покрај Златев, одличен учинок имаа и Карталовиќ со 16, Митрев со 14 и Брчков со 13 поени. До крајот на мечот, тренерскиот тандем Љутков-Бојчев во игра ги внесе сите кошаркари кои ги имаше на располагање. Борец Баскет натпреварот го заврши со 16 погодени тројки од 33 обиди, што е процент на реализација од близу 50 отсто.
Содржината продолжува под рекламата
Кај гостите Балов постигна 17, Настовски 14, а Киров 11 поени.
Вториот натпревар од серијата ќе се одигра во сабота во Скопје, а евентуалната мајсторка ќе се игра за 7 дена.
Почетна предност во четвртфиналето обезбеди и екипата на Соколи 1933 која беше подобра од Струмица (69:63). Победникот од овој натпревар ќе вкрсти со подобриот од двомечот на Борец Баскет и Шкупи.
Можеби ќе ве интересира: