Заврши одморот и за кошаркарските второлигаши. Од овој викенд стартуваа возбудувањата и во второлигашката конкуренција во која Борец Баскет гостуваше во Скопје кај екипата на Работнички и се врати со полн плен.
Содржината продолжува под рекламата
Тимот од Велес славеше со 82:75, во натпревар во кој доминираа во текот на сите 40 минути. Решавачко беше првото полувреме, по кое велешани имаа 18 коша предност, по што противникот беше тотално исфрлен од игра.
Содржината продолжува под рекламата
Наредниот викенд Борец Баскет ќе го пречека составот на МКК Куманово, кој важи за најсериозен кандидат за освојување на првата позиција и пласман во Првата кошаркарска лига.
Можеби ќе ве интересира: