Последното коло ги симна сите дилеми околу тоа на која позиција ќе заврши Борец Баскет, кои осум екипи ќе го продолжат натпреварувањето во Втората лига, кои две ќе се преселат во понискиот ранг на натпреварување, и уште две за кои оваа сезона 2021/2022 е завршена.
Борец Баскет ја продолжи победничката серија со успех против одамна отпишаниот состав на Хераклеа, екипата на Вардар стигна до 15.победа во сезоната откако славеше со (68:60) против Охрид, и Соколи 1933 со 69:82, го совлада Црн Дрим.
Содржината продолжува под рекламата
Три екипи, Вардар, Борец Баскет и Соколи 1933 имаат идентичен ефект (15-7) со кој се на делба на второто место на табелата. А најдобар скор во меѓусебните натпревари имаат штипјани кои во доигрувањето ќе тргнат од позицијата број 2, која за противник во четвртфиналето им ја носи седмопласираната екипа на Струмица.
Содржината продолжува под рекламата
Како носител на позицијата три, второлигашот од Велес оди на мегдан на Шкупи, кој заврши на шестото место, додека пак „вардарци“ ќе ја имаат предноста на домашниот терен во четврфиналната серија против Баскет КАМ од Македонска Каменица.
Четирите четвртфинални серии ќе стартуваат веднаш по Велигденските празници. Поточно на 27.април, според системот „подобар во три натпревари“. Предноста на домашниот терен ја имаат екипите пласирани од 1. до 4. позиција на табелата во регуларниот дел. Вторите мечеви од серијата на програмата се на 30.април, а евентуалните „мајсторки“ ќе се играат на 4.мај.
Можеби ќе ве интересира: