Борец Фруитленд се појави со девет играчи, службена победа за Еурофарм Пелистер 2

Натпреварот од Купот на Македонија помеѓу Еурофарм Пелистер 2 и Борец Фруитленд нема да се одигра, откако велешкиот тим пристигна во Битола со само девет ракометари – бројка која е под минималниот услов од 12 играчи потребни за одигрување на официјален натпревар, според правилникот на Ракометната федерација на Македонија.

Zito akcija 640x289px

Со ова, битолскиот состав службено ќе биде запишан како победник со резултат 10-0 и ќе го чека исходот од дуелот меѓу Вардар и Бутел Скопје, со кој ќе се бори за пласман на завршниот Фајнал фор турнир во Купот.

Agria

Според пропозициите на РФМ, секој тим мора да има минимум 12 играчи (или 10 во женска конкуренција) за да може натпреварот да се одигра. Отсуството на доволен број ракометари ја доведе екипата на Борец Фруитленд во ситуација да го загуби мечот без борба.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: