Управата на Фудбалскиот клуб Борец одлучи да му се заблагодари на тренерот Никола Карчев поради слабите резултати и да назначи нов четврти тренер во сезоната. Карчев додека беше на кормилото на Борец успеа да освои само два бода.
Содржината продолжува под рекламата
Него ќе го замени досегашниот играч Александар Пановски кој ќе биде прв тренер на екипата до крајот на првенството. За прв помошник е назначен Панче Нанев од Академија Нацев.
Содржината продолжува под рекламата
До крајот на првенството има уште седум кола па пред Пановски стои невозможна мисија да го спаси од испаѓање во Третата лига. Дебито на Пановски ќе биде во сабота во Битола на натпреварот против Пелистер.
Можеби ќе ве интересира: