Екипата на Борец се соочува со Марена во рамките на деветото коло од Третата македонска фудбалска лига – Јув. Велешани очекуваат да ја продолжат побеничката низа, за што поскоро враќање на врвот на табелата.
Содржината продолжува под рекламата
Поради одржување на трката „Велес трча“, во недела, натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 13 часот. Од клубот ги повикуваат сите љубители на фудбалот и симпатизери на клубот да им дадат поддршка на фудбалерите на утрешниот натпревар.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари кои ќе се одиграат во недела се среќаваат, Бучин – Превалец, Ултрас – Младост Кривогаштани, Локомотива Градско – Големо Коњари, Слога Лажани – Питу Гули, додека екипата на Росоман е слободна ова коло.
Можеби ќе ве интересира: