Борец на трети август ги стартува подготовките за новата сезона

borec-arsimi-7
borec-arsimi-7

Велешката гордост, Фудбалскиот клуб Борец, го официјализира останувањето на Александар Пановски на тренерската клупа, и го потврди датумот на старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона. 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Пановски и неговиот помошник Панче Нанев  првиот собир со фудбалерите ќе го имаат на трети август, а наскоро се очекува клубот да информира каде ќе се одработи главната фаза од летните подготовки. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Борец имаше сезона за заборав во Втората фудбалска лига на Македонија, освојувајќи го последното место на табелата и од оваа сезона ќе се натпреварува во Третата фудбалска лига – Југ. Од клубот најавија драстични промени во својот ростер за следната сезона и веќе со засилено темпо работи на нови засилувања во своите редови, за експресно враќање во Втората фудбалска лига.

Дека во клубот почнаа да дуваат позитивни ветришта доказ е реновирањето на соблекувалните и санитарните јазли, со што ќе се подобрат условите за фудбалерите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: