Борец против Новаци ја брка првата победа во новата сезона

Pobeda Borec sezona 2024

Фудбалерите на Борец во недела против екипата на Новаци ќе се обидат да се рехабилитираат од убедливиот пораз во Прилеп и да стигнат до првата победа во сезоната.

Zito akcija 640x289px

Борец 1919 сезоната ја започна со два пораза и заедно со со екипата на Охрид се единствените екипи без освоен бод. Новаци пак по изненадувањето кое го приредија во Радовиш, совладувајќи го Детонит со 4:2, на домашен терен загуби од Брегалница со резултат 0:2.

Agria

Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во недела со почеток од 16 часот. Главен судија ќе биде Бафто Фатмир од Охрид, а ќе му помагаат неговиот сограѓанин Балески Горан и Котески Дино од Прилеп.

Можеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Се ребрендира новиот ракометен суперлигаш од Велес