Фудбалскиот клуб Борец утре со почеток во 13 часот ќе го одигра последниот пријателски натпревар пред почетокот на првенството. Велешани на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ ќе го пречекаат составот на Вардарски од Богданци.
Содржината продолжува под рекламата
Овој меч ќе биде „генерална проба“ пред првиот дуел на Борец во пролетнот дел од првенството против последнопласираниот тим на Бучин.
Содржината продолжува под рекламата
Овој натпревар за избраниците на Љупчо Димитковски ќе биде четврт контролен натпревар во овој подготвителен период. Велешани ги совладаа Еуромилк со 3:2 и Илинден со резултат 1:0, додека пораз забележаа од прилепска Победа од 2:0.
Можеби ќе ве интересира: