Фудбалерите на Борец не успеаја да го искористат киксот на Големо Коњари и да ја зголемат бодовната разлика на табелата, откако денес на гостувањето во Росоман ремизираа со истоимената екипа со резултат 1:1.
Содржината продолжува под рекламата
Домашниот состав дојде во водство во 62 минута преку Бојан Миланов, а бод за велешани донесе Јосиф Манасиев во 90 минута од натпреварот.
Содржината продолжува под рекламата
По 14 одиграни кола Борец е на врвот на табелата со 30 освоени бода, четири повеќе од второпласираниот тим на Превалец и Големо Коњари. Во следното коло Борец е слободен.
Можеби ќе ве интересира: