Борец со цел плен се враќа од Битола и го закова Пелистер на дното на табелата

Pelister Borec
Pelister Borec

Фудбалерите на Борец по десет натпревари без победа во првенството, конечно победија на 11-от натпревар. Серијата почна од победата на домашен терен против Пелистер и заврши со победата против Пелистер денес во Битола.

Zito akcija 640x289px

Сепак стартот беше лош за велешани. Уште во втората минута беше соборен капитенот на битолчани во казнениот простор на Борец. Маневски ја презеде одговорноста и ја намести топката на белата точка, но неговиот удар заврши високо над противничкиот гол. во 23. минута. Јанкулов проби по десната страна и убаво центрираше по земја, одбраната на Пелистер заборави на Ѓорѓиев, кој од непосредна близина го матира Трајчевски за 0:1. Не помина ни една минута, а Пелистер израмни, Бериша проби по десната страна, упати центаршут по земја, на кој налета Размоски на втора статива и биеше во небранетата мрежа за 1:1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во вториот дел домаќините поофанзивно тргнаа кон голот на Борец. Сепак во 59 минута Алекс Талески атрактивно со пета испрати топка во шеснаесетникот, а таму Крста Ѓорѓевиќ рутински ја заврши акцијата за водство на Борец (1:2). Во 73 минута по една грешка во дефанзивата на битолчани, Ѓорѓевиќ одлично го проигра Ѓорѓи Ѓорѓиев, првиот удар му го фати голманот Трајчевски, но по одбиената топка Борец дојде до водство од 1:3. До крајот на дуелот битолчани се обидоа да се вратат резултатски, но тоа беше безуспешно и запишаа нов пораз.

Во последното коло од есенскиот дел Борец го пречекува лидерот на табелата екипата на Шкупи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: