Нема позитивен исход на жалбата која ја поднесе Ракометниот клуб Борец на висината на средствата на спортските ваучери кои ги доделува АМС. Борец за оваа година не доби ниту еден денар по основ на ваучер.
Клубот смета дека е направена лоша распределба на ваучерот, и дека некои клубови се привилегирани и добиле повеќе, а некои помалку. Од таму прашуваат како може младинската екипа на Борец која е актуелен вицепрвак во својта категорија, која според пропозициите носи 40 бода, да не биде рангирана, а клубови кои и воопшто немаат младински екипи да добијат ваучер.
Содржината продолжува под рекламата
Од клубот велат дека со изоставување на Борец од листата на клубови кои добиваат спортски ваучери ја доведуваат до егзистенцијата на клубот кој во својата 72 годишна историја има и една шампионска титула и една титула во Купот на Македонија.
Можеби ќе ве интересира: