Попладнево во Велес на стадионот „Зоран Паунов“, Воска Спорт во пријателски меч со 0:3 (0:0) успеа да го победи велешки Борец, на кого ова му беше “генералка“ во пресрет на стартот на пролетниот дел во сезоната 2021/22.
Амбициозниот второлигаш одигра добар натпревар и му даде три гола на Борец. Двоен стрелец беше Ристе Илијоски, додека еднаш реализира Изаир Емини. И на почетокот од сезоната во пријателски меч Воска беше поуспешна од Борец во Велес со резултат 0:1.
Содржината продолжува под рекламата
Во првото коло по паузата велешани ќе се сретнат со Скопје, натпревар кој е закажан за на 13 февруари. Велешани ќе имаат тешка задача да избори опстанок во ПМФЛ, затоа што по 18. кола е на 11. место, со 12 освоени бода.
Можеби ќе ве интересира: