Босанската легенда спасувал жива глава во големите поплави во БиХ

teletovikj

Страшната поплава во Босна и Херцеговина за жал однесе повеќе од 20 жртви во оваа земја, а еден од оние кои спасувале жива глава во Јабланица бил и Мирза Телетовиќ.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Прославениот босански кошаркар и некогашна НБА ѕвезда е роден во Јабланица, па во моментите на големата природна катастрофа, се нашол во небрано и морал да го остави своето теренско возило кое исто така било уништено од надојдената вода.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Како што открива „Слободна Далмација“, Телетовиќ добил повик од надлежното министерство да ги подигне вентилите во својата мини хидроцентрала која ја има изградено во Јабланица, но откако го направил тоа, останал заработен меѓу две брда.

Телетовиќ не можел да се врати на сигурно поради надојдената вода, па го оставил својот теренец и низ шума и кал успеал да се пробие до својата куќа. Оваа приказна ја открива негов вработен во кафулето кое е во негова сопственост во Јабланица, а истата е дадена во интервју за „Слободна Далмација“.

„Мирза морал да го остави автомобилот и низ шума полна со кал да се пробие некако до својата куќа“, – потврдил Арман Ризвиќ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/vesti/salihi-postigna-duri-11-gola-zhfk-kochani-go-pregazi-zhfk-borecz/

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: