Браќата Усеини сами се пријавиле за издржување на мерката притвор

Нефи Усеини
Nefi Useeini

По шест дена бегство, советникот од ДУИ Нефи Усеини и неговиот брат со кој се осомничени за насилство врз нивни сограѓанин, претпладнево сами се пријавиле на капијата во затворот во Охрид, каде треба да издржуваат мерка притвор.

Браќата Усеини беа недопстапни за истражните органи по изрекуваето на притворот се до утрово кога сами се пријавиле за издржување на мерката.

Agria

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против бизнисменот и актуелен советник Нефи Усеини (45) како и против неговиот брат Ибро Усеини (48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“, а во врска со инцидентот што се случи на 18 август претпладнето во хотел во центaрот на градот, каде физички бил нападнат охриѓанецот Спирко Топалоски. Меѓутоа, засега браќата Усеини се товарат само првото дело „насилство“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: