„Брако“ донираше медицински помагала и подели новогодишни подароци на децата во дневниот центар за деца со церебрална парализа во Скопје

Претставници на компанијата „Брако“ донираа медицински помагала и поделија новогодишни пакетчиња на 35 деца кои престојуваат во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје.

Zito akcija 640x289px

На Дневниот центар му беа предадени на користење три медицински помагала за лица со инвалидитет кои што се дел од медицинската производствена програма на „Брако“. Веруваме дека донираните помагала ќе бидат од голема помош при грижата за децата кои речиси секојдневно престојуваат во Центарот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Би сакал да се заблагодарам на вработените во Дневниот центар за лица со церебрална парализа, што денеска ни дозволија да бидеме нивни гости и да им се заблагодарам на децата кои ни посакаа добредојде. Во миговите кога најмногу се подарува, во пресрет на Новата Година, огромна чест ни е што Центарот ја прифати нашата понуда да донираме медицински помагала и на децата да им поделиме новогодишни подароци. Драго ми е што успеавме да им кажеме дека мислиме на нив, како што всушност тоа го правиме и во текот на целата година, затоа што медицинската производна програма е од самите почетоци на „Брако“ чии производи се позиционирани на светските пазари согласно потребните ИСО стандарди за квалитет. Во име на компанијата „Брако“, им ја честитам Новата Година на сите лица со попречености во развојот, на нивните семејства, на сите Центри што се грижат за овие лица, поттикнувајќи ги во опстојувањето во животот со хендикеп, во живот кој го смени својот нормален тек заради корона-кризата, која што искрено посакувам да остане наше минато“, изјави по повод донацијата, г-динот Огнен Анѓушев, оддел за набавки во „Брако“.

Содржината продолжува под рекламата

Г-динот Анѓушев истакна дека компанијата секогаш е подготвена и со будна свест за најранливите социјални категории кон кои и во иднина ќе продолжи општествено одговорно да се грижи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26301/dve-licza-ograbile-zhena-na-zhelezen-most/