Велешката компанија од метало-преработувачката индустрија „Брако” денеска ќе ги промовира новите производствени погони во кругот на фабриката.
Менаџментот ќе информира за последните инвестициски активности на компанијата, како и за плановите за развој и проширување на производствените капацитети.
Содржината продолжува под рекламата
На промоцијата ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, како и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кои заедно со раководството на „Брако” ќе направат обиколка на капацитетите, по што се предвидени и обраќања.
Можеби ќе ве интересира: