Некогашниот најдобар фудбалер Роналдињо, по шест месеци, конечно е пуштен на слобода од домашен притвор во Парагвај, откако беше уапсен во март под обвинение дека користел фалсификувани патни документи за да влезе во земјата.
Бразилецот и неговиот брат Роберто де Азис беа уапсени во месец март, откако влегоа во Парагвај со фалсификувани парагвајски пасоши. И фудбалерот и неговиот брат а постојано изјавуваа дека не знаеле дека пасошите се фалсификувани, на почетокот на месец август пред судија се изјаснија како виновни.
„Мерката на претпазливост за апсење е укината, веќе нема ограничувања поставени од парагвајската влада„, рече судијата Густаво Амарила.
На бразилецот ќе му биде избришано досието, но не и на неговиот брат,а двајцата треба да платат по 200.000 долари.
Можеби ќе ве интересира: