Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Бремените жени и хронично болните остануваат дома

bremenost

Владата синoќа на седница заклучи дека откако Пендаровски не ја продолжи вонредната состојба, на сила остануваат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст, хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома.

Zito akcija 640x289px

На седницата која беше одржана синоќа изменет е протоколот за работа на трговските центри, па така сега тие ќе работат од 10 наутро до 22 часот навечер, а неделите остануваат да бидат неработен ден. Претходно трговските центри работеа со скратено работно време до 18 часот.

Меѓудругото, на седницата се донесени измени на Уредбата за примена на законот за враќање на ДДВ, според кои измени луѓето кои по грешка дале согласност да ги донираат парите од вратениот ДДВ, да може да го променат својот став најдоцна до 30 јуни. Со дополна на Уредбата се предвидува враќањето на ДДВ за промет на домашни производи и услуги да се зголеми од 15 проценти на 20, а за останатиот промет враќањето на данокот се утврдува на 10 отсто.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: