Бројката на новозаразени од ковид-19 опаѓа, денес 627 позитивни случаи

kovid skopje
kovid skopje

Бројката на новозаболени од ковид-19 во Македонија, полека опаѓа. Денешната статистика говори дека 25 % од тестираните се позитивни, или од 2510 тестирања има 627 позитивни случаи.

Zito akcija 640x289px

Во Велес во последните 24 часа се регистрирани 25 новозаболени, со што бројот на активни случаи е 557.

Agria

Состојбата по градови изгледа вака: Скопје-250, Куманово-36, Дебар-8, Штип-12, Прилеп-35, Тетово-21, Струга-6, Велес-25, Битола-25, Охрид-21, Кавадарци-31, Гостивар-24, Гевгелија-12, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-4, Кочани-20, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-4, Неготино-14.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти, починати се 14 лица, четири пациенти од Скопје (82, 73, 67 и 58г), еден од Куманово (52г), четири од Прилеп (82, 66, 78 и 71г), еден од Струга (84г), еден од Битола (74г), еден од Охрид (59г), еден од Кавадарци (56г) и еден пациент од Гевгелија (80г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79815, бројката на оздравени пациенти е 56743, на починати е 2354, а бројот на активни случаи изнесува 20718.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: