
Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот. Нема регистрирано ниту оздравени пациенти. Бројот на активни случаи на ковид-19 во градот е пет.
Од направени 5.315 тестирања во последните 24 часа се регистрирани нови 81 случај на Ковид – 19. Најмногу новозаразени има во Скопје и Тетово, каде се регистрирани 27, односно 25 нови случаи на вирусот. По едноцифрен број на новозаразени има во Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево по двајца, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово по еден нов случај, информира Министерството за здравство.
Во Ковид статистиката се регистрирани и 12 оздравени пациенти, нема регистрирано починати пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.
Можеби ќе ве интересира:
