Министерството за здравство денес регистрира нови 454 позитивни случаи на ковид-19. Од нив 15 се регистрирани во Велес, осум велешани се оздравени. Бројот на активни случаи во градов се искачи на 331.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 209, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, Охрид и Струмица – по 11, Кичево – 10, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 9, Тетово и Гевгелија – по 7, Ресен – 5, Виница и Валандово – по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар – по 2, Берово и Крушево – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 308 оздравени пациенти , во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 5 починати лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Содржината продолжува под рекламата
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Починатите лица се по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090.
Можеби ќе ве интересира: